ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ РЕДОВНО ЌЕ СЕ МЕНУВА И ДОПОЛНУВА СООДВЕТНО НА НАСТАНАТИТЕ ПРОМЕНИ И ПОТРЕБИТЕ НА FREELANCERS.MK (ВО ПОНАТАМОШНИОТ ТЕК ФРИЛЕНСЕРС). ВЕ МОЛИМЕ ПОСЕТУВАЈТЕ ГИ ПОЛИТИКИТЕ РЕДОВНО ЗА ИНФОРМИРАНОСТ ВО СЛУЧАЈ НА ПРОМЕНИ. СЕ СМЕТА ДЕКА КОРИСНИЦИТЕ ГИ ПРОЧИТАЛЕ И ПРИФАТИЛЕ ПРОМЕНИТЕ СО КОРИСТЕЊЕ НА ПОРТАЛОТ И УСЛУГИТЕ КОИ ГИ НУДИ.

Вовед

Фриленсерс е насочен кон заштита на приватноста на посетителите и членовите. Со оваа политика се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се предмет на чување и обработка. Со користење на овој портал се согласувате со сите услови што се дефинирани со оваа и останатите политики апликативни на Фриленсерс.

Иако податоците се прибираат со легитимна намера и за законски оправдани цели, за да се понуди подобра функционалност и да се подобри искуството на корисниците, имајте во предвид дека давањето на лични податоци е секогаш ваша доброволна одлука.

Видови на информации кои ги собираме

Лични информации се информации кои идентификуваат одреден корисник како што се име и презиме, адреса, е-mail адреса, телефонски број, кои се собираат при креирање на вашиот профил преку регистрациониот формулар, меѓутоа други технички податоци кои може да се сметаат како лични и да користат за идентификација на корисник се собираат и со самото користење на порталот, исклучиво за аналитички цели и за подобрување на функционалноста. Тие податоци што се означени како задолжителни мора да се внесат за да може да го креирате вашиот профил.

Технички податоци се податоци кои не го идентификуваат корисникот. Овој вид на податоци може да вклучат работи времето што го поминувате на секоја страна, типот на пребарувачот, верзија, оперативен систем, IP адреса, уредот од кој пристапувате, вид и модел итн. Фриленсерс може автоматски да ги собира овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како "cookies" и “tracking pixels”.

Како ги собираме информациите

Информации во врска со посетителите и членовите на порталот може да собираме кога:

  • Пристапувате или го користите нашиот сајт
  • Се регистрирате и креирате профил
  • Преку аналитика на email пораки
  • Други механизми во согласност во воспоставените ИТ практики

Зошто се собираат овие информации

  • Да контактираме со вас во случај на потреба (новитети, значајни промени, сигурносни инциденти и сл.)
  • Да овозможи другите корисници со кои сте одбрале да соработувате да контактираат со вас
  • Да одговараме на ваши барања и прашања
  • Да контактираме со вас за услуги кои може да бидат од ваш интерес
  • Да ни овозможи редовно функционирање, одржување и подобрување на нашите услуги
  • Заради аналитика на посетеност на порталот
  • За персонализација на содржините кои ги гледате при користење на порталот

За да се олесни и прилагоди Вашето искуство со оваа веб-страница, Фриленсерс зачувува cookies на вашиот компјутер. Фриленсерс користи колачиња додека ја користите веб страницата со цел ваша автентикација на порталот и за аналитички цели. Можно е користење и на други техники како web beacons/tracking pixels и сл., за истата намена – аналитика на посетеност на порталот.

Откривање на вашите информации

Вашите лични податоци се чуваат заштитени на соодветни сервери и не се наменети за давање или продавање на трети лица во цели на маркетинг или бизнис соработки.

Вашите податоци ќе бидат откриени на други членови со кои имате избрано да соработувате во оној момент кога ќе потврдите намера за соработка преку избирање на соодветната понуда, со цел да се овозможи комуникација меѓу вас и другиот член во контекст на реализирање на договорената соработка.

Во одредени ситуации може да бидеме обврзани да ги споделиме вашите податоци за наша заштита и заштита на другите. Ние го задржуваме правото да ги откриеме вашите лични податоци ако тоа се бара со закон и доколку откривањето е неопходно за да ги заштитиме нашите права и во согласност со судска постапка, судски налог или друг правен механизам кој го засега овој портал.

Безбедност на податоците и нивно задржување

Ние се трудиме да ги заштитиме вашите податоци од неовластен пристап и незаконската обработка.

Вашите лични податоци остануваат на нашите сервери се додека е активен вашиот профил. Доколку сакате да го деактивирате вашиот профил контактирајте ги администраторите на порталот. Имајте во предвид дека со деактивација на профилот не се бришат сите податоци, туку дел стануваат архивирани, а дел од нив се неопходни за архива на активности на порталот, потребна за непречено функционирање на порталот.

Исто така, бидете информирани дека и покрај сите напори кои ги преземаме за заштита на вашите информации, не може во целост да ја гарантираме нивната безбедност поради причини како хакерски напади и сл., кои се надвор од наша контрола.

Вие можете да пристапите до вашите лични податоци на нашата веб-страна со внесување на вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Фриленсерс ви препорачува да не ја споделувате вашата лозинка со никого. Вашите лични податоци се зачувани на соодветно заштитен сервер.

Пристапување и корегирање на вашите лични податоци

Можете да пристапите и да ги промените вашите податоци кои сте ги оставиле при креирање на вашиот профил, преку пристапување до секцијата „Кориснички профил“. Единствено што не може да промените сами е вашата e-mail адреса, која е врзана со функционалноста на вашиот профил.

Приватност на трети страни

Оваа политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и заштитата на податоците кои ние ги собираме од вас на овој портал.

Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку линкови од нашиот сајт, поставени од нас или од самите членови, може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање, употреба и откривање на истите. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт, бидете особено внимателни во овој поглед и разгледајте ги нивните политики за заштита на лични податоци. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети страни.

Датум на последна промена: 07/02/2024

Овој портал користи колачиња (cookies) кои овозможуваат основна функционалност и аналитика.